Стапката на невработеност во Британија е 5,1 отсто, највисока од 2016 година
Стапката на невработеност во Велика Британија се зголеми во четвртото тромесечие од минатата година на 5,1 отсто, покажуваат денешните податоци на Националниот завод за статистика.
Тоа е највисока стапка уште од првиот квартал во 2016 година, но е сепак значително пониска отколку што би била без владината програма за поддршка за зачувување на работните места за време на пандемијата на Ковид-19.
Податоците покажуваат дека бројот на вработени на платежните списоци на претпријатијата се зголемил минатиот месец за 83.000 во однос на декември 2020 година, што е најголемо месечно зголемување во споредба со јануари 2015 година. Владината Програма за зачувување на работните места, која дава финансиска помош за речиси секој петти вработен, е најскапа британска мерка за поддршка на економијата во текот на пандемијата на коронавирусот и ќе изнесува околу 70 милијарди фунти (98 милијарди долари) до 30 април, кога истекува нејзината важност.
Банката на Англија проценила дека стапката на невработеност ќе се зголеми на речиси осум проценти кон средината на 2021 година по завршувањето на оваа програма.
Сепак се очекува дека министерот за финансии Риши Сунак ќе најави на 3 март, во извештајот за буџет, продолжување на поддршката за зачувување на работните места, барем за секторите кои се најтешко погодени од рестриктивните мерки во земјата.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг