Првиот човек на српскиот фудбал одби полиграф за вмешаност во планирање атентат врз Вучиќ
Претседателот на Фудбалската федерација на Србија (ФСС) Славиша Кокеза, кој денеска е приведен во рамки на истрагата против криминалната група на Вељко Беливук, одбил во текот на денот да биде подложен на полиграфско тестирање.
Агенцијата Танјуг, повикувајќи се на белградскиот весник „Вечерње новости“ пренесе дека Кокеза одбил да одговори на прашање дали учествувал во подготовка на атентат врз српскиот претседател Александар Вучиќ, но и на други споредни прашања.
Кокеза во истрагата истакнал дека инструкциите да одбие полиграфско тестирање ги добил од претседателот на второстепениот суд во Белград, Александар Степановиќ.
Српските медиуми претходно објавија дека Кокеза е приведен врз основа на оперативни сознанија и наводи што полицијата ги добила од белградскиот угостител Александар Кајмаковиќ. Тој при неодамнешното апсење изнесе сознанија околу криминалните активности на групата на Беливук, наведувајќи дека со него се знае благодарение на „долгогодишно познанство со Кокеза“.
Ново на Сител
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори