ВМРО-ДПМНЕ: Над 500.000 граѓани во Македонија го преживуваат денот со едвај 130 денари
Со Зоран Заев и СДСМ македонската економија доживеа крах, и се подлабоко државата влегува во рецесија.
Како никогаш до сега Македонија е се посиромашна земја, над 50-тина илјади граѓани за неколку месеци останаа без работа. Над 500.000 граѓани го преживуваат денот со едвај 130 денари.
Се повеќе компании се затвораат поради неспособноста на СДСМ. Македонија е на чекор пред повторување на историјата и сцените од мрачната транзиција. Околу 50-тина проценти од компаниите забележале пад на приходот од над 80 проценти. Владата наместо сериозно да го помогне стопанството ја остави економијата да тоне.
А, во време на криза Заев издаде еврообврзница од 700 милиони евра, за која треба да плати камати од 80 милиони, и на домашниот пазар се задолжи за 70 милиони, вкупно 850 милиони.
Нема поминато една година од пандемијата, а Заев ја задолжи државата за над една милијарда и 150 милиони евра нов долг. СДСМ и Заев го задолжија секое едно четиричлено семејство за една година со нов долг од 2.400 евра плус камати.
Граѓаните имаат се помалку пари и поголема несигурност да ги трошат, а Владата никако да ја стабилизира економијата.
Граѓаните не заслужуваат вакви економски погубни политики, туку заслужуваат добар и квалитетен живот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло