Продажните цени на индустриските производители во јануари повисоки и на месечно и на годишно ниво

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2021, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки за 1,8 отсто на месечно ниво, а за 2,7 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци, во јануари 2021, во споредба со декември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот преработувачка индустрија за 2,4 отсто, а се пониски во секторот рударство и вадење на камен за 3,6 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,9 отсто.
Во јануари 2021, во споредба со јануари 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот рударство и вадење на камен за 4,6 отсто, во секторот преработувачка индустрија за 2,2 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7,8 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки за 2,8 отсто на месечно ниво, а за 3,4 отсто на годишно ниво.
Во јануари 2021, во споредба со декември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5 отсто, а во секторот преработувачка индустрија се повисоки за 3,5 отсто.
Во јануари 2021, во споредба со јануари 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот рударство и вадење камен се повисоки за 6,5 отсто, а во секторот преработувачка индустрија за 3,1 отсто.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
