Пратенички прашања
Собранието попладнево ја продолжи седницата за поставување пратенички прашања. Ова беше последна седница на Парламентот за оваа година.
Во рамки на седницата Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ упати прашање до министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски, во врска со отворањето на градинките во општините Јегуновце и Бутел, за што таа одговори дека процедурата е испочитувана и оти е објавен јавен повик за избор на економски оператор и дека е избран оператор и е потпишана одлуката.
- Намерата на овој министер не е да ги кочи проектите што се во тек, туку грижата за децата да ја изразиме на вистински начин, рече Ташевска-Ременски.
Горан Сугарески од СДСМ упати прашање до премиерот во врска со грижата за вработените на државата во странскиот инвеститор Гентерм кој, како што рече, отпуштил 141 вработено лице кои ја поминале обуката во Украина, иако имале потпишано претходно анекс на договор за вработување.
Премиерот Никола Груевски рече дека компанијата има ангажирано 500 лица во првата фаза, иако обврската презема тој број да изнесува 120 лица.
- Ова е инвестиција која има две фази. Во двете фази ќе вработи вкупно 2.000 лица и најверојатно ќе биде најголем работодавач. Оваа компанија согласно договорот со Владата имаше обврска до денеска да вработи 120 лица, а тие стигнаа речиси до 500 лица и точно е дека по извршената обука одлучиле 140 да ги стават во мирување до завршување на нивната фабрика, која, како што не информраше директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо, планираат да ја завршат до крајот на март. Се работи за неколку месеци, период во кој немаат потреба од толкав број вработени. При разговорот со директорот Мизо било укажано дека овие 140 лица ќе бидат први што ќе бидат земени кога ќе заврши фабриката, рече премиерот.
Ново на Сител
-
САД: Земјите кои не возвратија на царините ќе бидат наградени
-
Трамп ги зголемува царините за Кина на 125 отсто, но најавува 90-дневна пауза за останатите земји
-
Дортмунд подготвува нов договор за Ковач
-
Ердоган ја обвини главната опозициска партија за „фашизам“
-
Вучиќ за утврдување одговорност за посетата на повредените од Кочани: Никој не ме пушти, сам си влегов, и што сега?
-
Директори злоупотребиле службена положба и ги оштетиле буџетите на две беровски училишта за вкупно 1.171.000 денари
-
Трендафилов: Владата не е против зголемување на минималната плата, туку останатите два синдиката
-
Изградбата на втората фаза во Затвор Идризово се очекува да започне до крајот на годинава, најави Пандов