Арсовски: Јовевски и Русковска се плашат да отворат случај за шверцот на 5 камиони тутун од пријател на Николовски
Додека Венко Филипче и Зоран Заев пробуваат да ќарат провизии од набавка на вакцини, други луѓе од владата заминуваат шверц на 5 камиони тутун во Република Македонија.
Сите институции молчат за криминалниот шверц што го призна Царинската управа дека се случила преку фирмата Студенац Шпед на Димче Тројановски инаку близок пријател на Љупчо Николовски, кој прошверцувал 5 камиони тутун на граничниот премин Деве Баир, каде работи и шпедицијата на братот на Љупчо Николовски.
Царинска управа признава дека е направен шверц, сите останати молчат. Криминалци и соучесници, сите до еден.
Замислете, фирма без дозвола за увоз на тутун и тутунски производи, увезува, односно шверцува во Македонија 5 камиони нелегален тутун, само затоа што е близок сопственикот до Љупчо Николовски и градоначалникот на Крива Паланка.
Жално е и страшно што се плашат да отворат случај и Јовевски и Русковска, како и антикорупциската комисија кои што практично се привезоци на оваа влада. Срамно е што штитат криминалци од ваков ков кои се во Влада, но и на улица, само затоа што се членови на СДСМ.
Одговорност мора да има и за они кои го извршиле шверцот и за оние кои ги штителе и се соучесници. Од владини функционери, па обвинители, па се до секој еден кој е вмешан.
Димче Арсовски
Ново на Сител
-

Андоновски од Сеул: Не смееме да дозволиме ВИ да ги дели државите на богати и сиромашни
-

Собранието и МАНУ со договор за уредување на меѓусебните односи
-

Трамп: Украина мора да сака да стави крај на војната
-

УЈП ќе ги презентира анализите за тоа колку и од каде заработувале граѓаните
-

Виткоф пристигна во Санкт Петербург на средба со Путин, по разговорите со Зеленски
-

НАТО го предупреди Зеленски дека Трамп може да ги запре испораките на оружје
-

Деветти ден од протестите во Тирана, полицијата со солзавец и водени топови се справува со демонстрантите
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд
