Блокадите во Собранието не се во интерес на граѓаните, вели Османи
Собранието е исклучително важно за нормално функционирање на демократијата и за можноста граѓаните да ги искажат своите ставови преку него. Секој обид за блокирање на Собранието е блокирање на гласот на граѓаните во управување со политиките во земјата. Не мислам дека е било чиј интерес политички партии преку блокирање на Собранието да го блокираат гласот на граѓаните. Тоа треба нормално да функционира за да може и другите институции да се фокусираат во надминување на последиците од пандемијата, порача денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Тој нагласи дека за надминувањето на проблемите со блокадите и немањето кворум за работа и нормално функционирање на Собранието се вклучени и државните инститиуции, но и политичките субјекти.
-Мислам дека граѓаните, но и институциите се заинтересирани да се менаџира пандемијата, да се надмине пандемијата, здравствените последици од пандемијата, економската криза. Граѓаните најмалку ги интересираат политичките игри, најмалку се заинтерсирани за политичките акробации што имаат за цел одредени политички придобивки на одредни групи, а најмалку го имаат предвид интересот на граѓаните, рече Османи одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција посветена на пописот на дијаспората.
Тој нагласи дека треба да се овозможи Собранието да функционира најнормално за институциите да се фокусираат на менаџирање на пандемијата и економските последици што произлегуваат од неа.
Секој друг чекор, потенцира министерот за надворешни работи, не е во полза ниту на тие што го прават, а најмаку е на полза на граѓаните кои од политичките чинители очекуваат работа за да ги надминат нивните проблеми и предизвици во секојдневието.
Ново на Сител
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
-

Вицепремиерот и министер за европски прашања Сали го посети ООУ Ресурсниот центар „Иднина“ по повод Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром
-

18-годишно момче донесено без знаци на живот во Гостивар
-

Израел и САД значително ќе ги зголемат нападите врз Иран, изјави израелскиот министер за одбрана
-

Министерот Хоџа најави јавна расправа за новиот закон за заштита на природата
-

Во Атина уапсен сопственик на галерија под сомнение дека продавал фалсификувани уметнички дела, но и Евангелие од 18 век
