Балкан
28. March 2021 - 15:43

Се вакцинира дипломатскиот кор во Грција

Членовите на странските дипломатски и конзуларни претставништва во Грција, денеска се вакцинираат во Солун и во Атина, соопштија од грчкото МНР, додавајќи дека иницијативата е во контекст на реципроцитет, јави дописничката на МИА од Атина.

– Министерството за надворешни работи, во рамките на справувањето со пандемијата на ковид-19, во тесна координација и со драгоцена помош од Министерството за здравство и Министерството за дигитално управување, организираше вакцинирање на членови на странски дипломатски и конзуларни претставништва во Атина и во Солун. Оваа иницијатива беше преземена во контекст на реципроцитет, соопштија од грчкото МНР.