Денеска се слават мажот и жената кои станаа светители
Денеска е Св. маченици Хрисант и Дарија.
Хрисант потекнуваше од угледен род. Татко му беше римски сенатор во третиот век. Додека се школуваше во Рим на Хрисант му дојде в раце Евангелието и, откако го прочита, се увери во возвишеноста на Христовата личност и поверува во неговата божественост. Кога дозна за тоа, татко му на секаков начин го одвлекуваше од Бога.
Најпосле уговори со една убава и паметна девојка паганка да му стане жена, надевајќи се дека така Хрисант ќе се врати на празните идоли. Наместо тоа, оваа девојка и самата поверува во Христа. Дури тогаш Хрисант и Дарија стапија во брак, но целиот живот сепак му го предадоа на Бога, прифаќајќи ги новообратените христијани и многумина придобивајќи за верата. Поради тоа беа неколкупати ставани на маки, а најпосле и живи закопани во 284 година.
Ново на Сител
-
Петмина убиени во куќа во Сиетл, осомничено 15-годишно момче
-
Министерот Мисајловски на меѓународен саем за одбрана во Турција
-
Влатко Стефановски сними нов албум во култното Abbey Road Studios во Лондон
-
Министерот Николоски на Форум во Солун за иднината на транспортот и инфраструктурата во Југоисточна Европа
-
Хезболах ја гаѓаше базата на израелската разузнавачка служба кај Тел Авив
-
Ветеринарна комора повикува на смиреност, ИЈЗ со препоракиза заштита по појавата на птичји грип
-
Состојба на патиштата
-
Студено утро, преку ден сончево