Борисов гласаше и оцени дека ова се досега најскапите парламентарни избори во Бугарија
Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, претпладнево го даде својот глас на парламентарните избори, гласајќи во Банки, во близина на Софија, информира дописникот на МИА од Софија.
Ова се први избори на кои медиумите во земјава не знаеја кога Борисов ќе гласа, па поради тоа немаше новинари околу него, а неговото гласање само беше покажано на Фејсбук. По гласањето, тој замина за манастирот Дивотин.
Борисов коментира дека партијата што ја предводел во кампањата не навреди никого и ја водеше најтолерантната изборна кампања. Бугарскиот премиер коментира дека ова се најскапите избори досега во Бугарија, бидејќи речиси 50 милиони лева (25 милиони евра) беа наменети за набавка на вакцини, а 50 милиони лева (25 милиони евра) за машинско гласање.
„Деветте илјади гласачки машини беа земени за бугарските граѓани да можат да гласаат на фер и транспарентни избори“, категоричен е Борисов.
Според него, парламентарните избори во Бугарија ќе чинат над 150 милиони лева (75 милиони евра).
Тој повторно го критикуваше претседателот Румен Радев дека изборите можеа да се закажат една недела подоцна за да се видат подобрите резултати во справувањето со третиот бран од пандемијата со Ковид-19 во Бугарија.
-Ги гледате податоците денеска и во последните три дена – 25, 22, 18 отсто, ние веќе излегуваме од третиот бран, поминавме половина милион вакцинирани. За една недела би биле во подобра форма, рече тој.
Премиерот Борисов соопшти колку е важно Бугарија да продолжи да се управува на европски и стабилен начин. Според него, најголемата поддршка од ЕК, што ја доби Бугарија, беше во петокот кога дополнителни 1.300.000 вакцини беа дадени на земјата од страна на компанијата „Фајзер“. Тој им се заблагодари на ЕК и на оние 19 земји-членки на ЕУ кои се согласија да ги обезбедат своите вакцини за здравјето на Бугарите.
Првите податоци за гласањето се очекуваат во 20 часот по локално време по завршувањето на изборниот ден во земјата.
Засега нема информации за кршење на изборниот процес во Бугарија.
Ново на Сител
-
Макрон по средбата со Зеленски: Европа стои зад Украина
-
Карни: Царините на Трамп им штетат на Американците
-
Двајца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Италија | ФОТО
-
Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација
-
Маж брутално тепа бремена жена „во живо“ на „ТикТок“ во Радовиш | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
-
Една сезона може да биде и 1 милион евра | Игор Стефановски - Иџе | Sitel Podcast 086
-
Пациент кој по пожарот во Кочани се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија
-
Меџити: Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри