Дански државјанин го прекршил полицискиот час во Тетово
Две лица, од кои еден е државјанин на Данска, се приведени откако биле затекнати во движење и со тоа го прекршиле полицискиот час ноќеска во тетовскиот регион. Полицајци вчеравечер во 23 часот и 40 минути, на локален пат Жилче-Прељубиште ги лишиле од слобода двајцата кои се движеле со патниќко возило „цитроен“.
-Полициските службеници ги привеле 26-годишно лице од тетовско Шемшово и 25-годишен дански државјанин, кои се превезувале во патничко моторно возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, а кои го прекршиле полицискиот час. Ним по целосно расчистување на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Во текот на изминатото деноноќие од 7 часот во недела 4 април до утринава во 7 часот за неносење заштитни маски на 34 лица им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот