Сменет чешкиот министер за здравство бидејќи одбивал употреба на неодобрените руски и кинески вакцини

Чешкиот министер за здравство, Јан Блатни, ја напушта владата на барање на претседателот Милош Земан, бидејќи категорично одбивал да се користат вакцини, особено „Спутник В“, се додека не добијат одобрение од Европската агенција за лекови (ЕМА).
-Сето време стоев зад ставот да се употребуваат регистрирани вакцини. За мене како лекар е важно да морам да бидам 100-процентно сигурен дека вакцината не само што ќе помогне, туку и дека нема да предизвика штета. Само на ваков начин можам да гарантирам дека вакцините се безбедни и испробани, рече Блатни денеска на вонредна прес-конференција на која соопшти дека синоќа бил сменет.
Блатни кажа дека неговото отстранување е политичка одлука на која премиерот има право, но истовремено ја толкува на начин што мисли дека премиерот Андреј Бабиш очигледно гледа дека Чешка се извлекла од кризните денови во текот на пандемијата од Ковид-19.
-Претседателот денеска ме замени на барање на премиерот. Јас тоа го гледам како политичка одлука на која премиерот има право. Мојата совест е чиста затоа што работев единствено врз основа на мојата експертиза и секогаш одлучував врз основа на експертски податоци и анализи, така што премиерот смета дека најлошото веќе е зад нас. Вирусот, меѓутоа, е опасен и не ни простува за грешките, рече Блатни.
Претседателот Земан денеска ќе назначи нов министер за здравство, Питер Аренбергер, експерт за венерични болести, инаку директор на една од големите универзитетски болници во Прага, кој е многу поблаг кон кампањата на претседателот да се нарачуваат и руски и кинески вакцини без одобрение на Европската агенција за лекови.
Коалицискиот партнер во владата на премиерот Бабиш, лидерот на чешките социјалдемократи и министер за внатрешни работи, Јан Хамачек, денесак кусо прокоментира дека го почитува правото на колаицискиот партнер да го замени министерот, но се надева дека новиот ќе продолжи на начинот како што тоа досега го правеше Блатни.
-Подготвивме проект наречен „Патот од темнината“, што ќе ни помогне да се вратиме во нормалниот живот. Се е подготвено полека да се врати во нормала, рече разрешениот министер Блатни.
Ново на Сител
-

Две лица, меѓу нив судски полицаец, под истрага за примање награда за противзаконито влијание
-

58-годишник од Скопје силувал 13-годишно девојче
-

Николоски: Автопатот Кичево - Охрид е веќе при крај
-

Обезбедени се 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата
-

Трамп: Иран ќе даде понуда насочена кон исполнување на барањата на САД
-

Без струја во одредени периоди од денот делови од општините Студеничани, Карпош и Центар
-

Арагчи пристигна во Исламабад за да разговара за предлозите за обновување на мирот со САД
-

Лавров: САД го враќаат светот во ера кога немаше ниту меѓународно право ниту систем на меѓународни односи
