Милошоски: Одамна алармиравме за Рашковски

ВМРО-ДПМНЕ уште пред три години алармираше дека кај поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски има индиции за сторен криминал, изјави денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, по објавувањето на информацијата дека Рашковски е приведен.
– Уште пред две три години ВМРО – ДПМНЕ алармираше дека кај Рашковски има индиции за сторен криминал, но бидејќи беше најдобар другар на Заев за него законот не важеше. Дали сега ќе важи ќе видиме од оваа постапка, но сакам да нагласам дека Рашковски бил само генерален секретар на една институција каде што главниот шеф бил Зоран Заев и кое било незаконско дејствие на Рашковски не ја исклучува командната одговорност на премиерот Заев како надреден над генералниот секретар Рашковски, рече Милошоски.
Според него, она што би било коректно од Јавното обвинителство е да го повикаат Заев кој, како што рече, пред две недели во Собранието на Македонија го бранел Рашковски и рекол дека имал увид во цел предмет за набавката на софтверот за МВР, дека го прегледал цел предмет и смета дека истиот бил законски набавен.
Ново на Сител
-

Утре и на 31 август ќе се прска против комарци во пет општини од Југоисточниот плански регион
-

Во Кривичен продолжува судењето за случајот „Онкологија“
-

Администрацијата на Трамп привремено ги суспендираше термините за визи ширум светот
-

116 години од раѓањето на Мајка Тереза
-

Доцна синоќа изгаснат пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско
-

Песков: Директорот на ЦИА не се сретна со Путин
-

Годишниот извештај на Антикорупциска, Националната стратегија и неколку посебни извештаи пред матична комисија во Собранието
-

Вкупно 23 лица спасени откако по три часа беа заглавени на рингишпил во Хамбург
