Совет на амбасадори: Прекројувањето на границите би довело до ново крвопролевање со несогледливи последици кон целиот регион
Советот на амбасадори со внимание ги следи првичните реакции, согледувања, размислувања и коментари за генезата на НОН ПЕЈПР-от којшто заговара промена на границите на Балканот. Тој, по сѐ изгледа сепак потекнува од пријателска Словенија и нејзиниот премиер, кои се исправени пред мајското преземање на претседателството со Европската Унија. Факт е дека се ставени на хартија клучни тези во вид на крајно опасна идеја, за којашто, како во позната филмска рашомонијада следеа разни спротивставени изјави.
Советот со големо изненадување и загриженост посочува кон фактот дека дел од балканските земји, сега полноправни членки на НАТО и кандидати за членство во ЕУ се наоѓаат на хартија, што проектира состојби кои не смеат и не можат да бидат решавани и решени во изолирани европски кругови и/или нечии кабинети. Оттаму, Советот високо ја цени брзата реакција на Стејт департментот, што потсетува на клучните договори, кои се веќе постигнати заради мир и соработка во Балканскиот регион и коишто треба да се спроведуваат во реалноста.
Советот стои цврсто на ставот дека етноцентризмот, националзмот и прекројувањето на границите би довело до ново крвопролевање со несогледливи последици кон целиот регион на ЈИЕ.
Советот на амбасадори предупредува дека НОН ПЕЈПР-от претставува опасна игра, којашто може да прерасне во „катастрофална лавина, што настанала од мала топка снег“.
Извршен одбор на Совет на амбасадори
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци