Македонија
28. April 2021 - 11:52

Уапсен скопјанец поради обид за убиство

На 27.04.2021, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани го лишиле од слобода А.Н.(25) од Скопје и против него до Основното јавно обвинителство Кочани е поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Пријавениот, на 26.04.2021 околу 15.30 часот во викенд куќа во с.Пантелеј, кочанско, сопственост на С.Г. од Кочани, по претходна физичка пресметка со Ж.Н.(61) од с.Пантелеј, со огнено оружје – пушка, која неовластено ја држел, испукал еден куршум во вратата од викенд куќата во која бил Ж.Н. Од страна на судија на претходна постапка на А.Н. му е одредена мерка притвор