Се излеа водата од канал на хидросистемот „Брегалница“ и поплави објекти во Кочани
Водата од десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“ се излеа и ги поплави околните објекти во Кочани, откако денеска беше пуштена за наводнување на земјоделските површини што треба да се засеат со ориз.
Причина за излевањето е несовесното однесување на дел од граѓаните кои пред неколку дена во каналот исфрлиле поголеми количини ѓубре, што предизвикало затнување на сигурносните решетки на местата каде што тој влегува под земја.
Дени Митров, директор на водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани, изјави дека четири дена пред пуштањето на водата, десниот магистрален канал бил исчистен во целост, а посебно внимание било посветемо на решетките што претставуваат сигурност за граѓаните.
-Со минимална количина од три кубни метри вода во секунда што ја пуштивме, дојде до излевање на каналот во близина на Територијалната противпожарна единица во Кочани. Притоа поплавени се дворови, подруми и други простории на околните објекти, па бевме принудени брзо да интервенираме и да ја запреме водата. Ангажиравме мобилни екипи кои го чистеа отпадот, меѓу кој имаше пластична амбалажа, стара постелнина, делови од мебел и покуќнина, домашни животни и други предмети што некои граѓани ги исфрлиле во каналот, во обид да си го исчистат домот. Апелирам ваквата практика да престане за да нема загрозување на безбедноста на домовите на нашите сограѓани, истакна Митров.
Додаде дека опасноста од сериозна хаварија и поплавување на куќите и другите објекти во близина ќе била уште поголема ако каналот се искористел со вообичаениот капацитет од десет кубни метри вода.
За неодговорниот однос на граѓаните веќе се известени надлежните иснпекциски и полициски служби, за што од водостопанската подружница ќе бараат соодветни мерки и санкции против прекршителите.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата