-->
-->
35-годишната охриѓанка убиена во објект кај „Андон Дуков“
-->
35-годишната охриѓанка со иницијали М.М. која утринава беше пронајдена мртва во објект кај кампот „Андон Дуков“ најверојатно е убиена – дознава News1.mk од извори во истрагата.
Како што пренесува порталот, на безживотното тело на охриѓанката имало повреди на главата и крв и траги на насилство, а искршен бил и телевизорот.
Претходно, СВР Охрид соопшти дека на 3-ти мај 2021 година, во 08:20 часот во СВР Охрид, С.Д. пријавил дека во куќа во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид ја пронашол почината 35-годишната М.М. од Охрид, со која живеел заедно во куќата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал дека починатата имала повреда на главата, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција, информираат од СВР Охрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал
-
Трамп би можел да ја укина целата помош за Украина
-
Претреси во Велес и Кавадарци, пронајдена дрога
-
Мартинка на рака со верба за среќа
-
Опожарени викендица и овоштарник во Идризово
-
Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка
-
Рубио: Зеленски треба да се извини