Иницијаторите за стопирање на законот за учебници чекаат покана за нова средба од МОН
Иницијаторите за стопирање на носење на новиот закон за учебници за основно и средно образование, здружени во фејсбук-групата „Учебници и настава мора да има“, од МОН чекаат покана за нова средба откако првата во четвртокот заврши без заклучок односно со ветување дека повторно ќе бидат поканети.
Претставничката на групата Драгана Спасевска изјави за МИА дека викендов не добиле покана за нова средба и дека ќе почекаат до утре попладне, до завршување на работното време на МОН, а дотогаш нема да ја бојкотираат наставата. Доколку не се оствари најавената повторна средба, рече дека ќе ја известат јавноста за следните чекори.
-Утре ќе бидам во Скопје и ќе чекам до крајот на работното време. Ако не биде, ќе ве известиме за понатаму, рече Спасовска.
По средбата пред три дена таа за медиумите изјави дека претставниците од МОН не биле компетентни за сите нивни барања и дека треба да бидат вклучени претставници од Бирото за развој на образованието и од СОНК. На средбата, на која не присуствуваше министерката Мила Царовска, им било кажано дека по консултации со БРО, одново ќе ги поканат од понеделник на средба. Тогаш таа најави дека ќе протестираат доколку нема средба за нивните барања до почетокот на идната недела.
Фејсбук-групата има над 70 000 приврзаници кои, според Спасовска, се „гласот на родителите“. Од пред десетина дена повикуваат на бојкот на наставата – бараат хартиените учебници да останат во употреба за сите одделенија во основното и средното образование и задолжително нивни претставници и од граѓанскиот сектор да учествуваат во работна група за измени во Законот. Покрај ова, имаат и уште неколку други барања.
Министерството за образование и наука по средбата со претставниците од групата во четвртокот соопшти дека како за сите останати реформски процеси, така и за Законот за учебници, консултира и го слуша мислењето на сите засегнати страни.
-Сепак, во носењето на законското решение предност се дава на квалитет на наставата и повеќе бенефиции за младите, така што тоа не смее да биде причина за бојкот. Промените во основното образование ќе се случат, затоа што тоа не е самоиницијативна одлука на Министерството за образование и наука, туку е резултат на сеопфатни анализи на квалитетот на националниот образовен систем спроведени од кредибилни меѓународни организации. А исто така, промените се и барање на наставниците и на многу генерации на ученици, но и потреба која ја наметнува современиот свет и глобалните образовни трендови со кои Македонија конечно мора да фати чекор и да ги следи. информираше МОН.
Ново на Сител
-

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид: Ќе сториме сè сторителот да одговара пред правдата
-

Попладнево повторно приведен Корабоски – нови околности во случајот
-

Чеферин гостин на Омерагиќ, заедно ќе го следат дуелот Македонија – Словенија
-

МФ: Јавниот долг во 2027, во согласност со ревидираните податоци за БДП, нема да го надмине прагот од 60%
-

Родителите со две ќерки се најсреќни, покажува научна студија на речиси 50.000 луѓе
-

Се подготвуваат законски измени за повратот на ДДВ за компаниите, ќе се прецизираат роковите
-

Минчев: Транспарентноста, отвореноста и отчетноста мора да станат природен начин на работа на институциите
-

Шасивари: Нулта толеранција за насилството врз жените
