-->
-->
Заев: СДСМ никогаш не калкулира со политичкиот рејтинг кога станува збор за националните интереси
-->
„Нашиот белег како партија беше и се уште е: никогаш да не калкулираме со политичкиот рејтинг кога станува збор за националните прашања. СДСМ се вложи во целост и го поведе народот кон решавање на повеќедецениските прашања кои ја загрозуваа иднината на земјата“ истакна претседателот на СДСМ и премиер на Северна Македонија, Зоран Заев на отворањето на 26. конгрес на партијата.„Заедно постигнувме историски успеси со зачувување на македонскиот идентитет, за цементирање на нашиот територијален интегритет преку членството во НАТО и за етаблирање на нашата Северна Македонија на светската политичка сцена, со најмоќните сојузници во светот, како почитувана и мирољубива земја“ кажа Заев.
Лидерот на СДСМ додаде дека храброста раководството и членството на СДСМ, како и мнозинската волја на народот биле клучни за членството во НАТО Алијансата и напредокот во евроинтеграциите.
„Една од двете стратешки цели поставени уште пред 30 години денеска е остварена. Нашата татковина чекори напред, по вистинскиот, по европскиот пат и нема враќање назад, продолжуваме напред. Тоа е нашиот втор голем, историски, државнички успех. И уште една суштинска разлика со нашиот политички опонент, ВМРО-ДПМНЕ, кој 11 години земјата ја држеше изолирана и заробена, на погрешен пат“ истакна Заев.
Како што кажа тој, со Договорот од Преспа и Договорот за добросоедство со Бугарија, се потврдува нашата искрена добрососедска намера кон сите и тоа дека Република Северна Македонија ниту ќе провоцира, ниту ќе коленичи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени
-

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
-

Владата донесе одлука од денеска интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар
-

Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
