Пелони: Мицотакис и Заев ги разгледаа можностите за соработка, особено во економијата и енергетиката
Како што информиравме, на средбата беа разгледани можности за соработка, особено во економијата и енергетиката, рече портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина за средбата во четвртокот на премиерите на Грција и Македонија, Кирјакос Мицоткис и Зоран Заев.
Во однос на идеите и предлозите за тргање на бугарската блокада, кои Мицотакис ги развил на средбата, а кои премиерот Заев ги спомена во интервјуто за МИА, Пелони уште еднаш ја повтори грчката поддршка за ЕУ перспективата на Западен Балкан.
-Ние ја поддржуваме европската перспектива на сите наши соседи, на земјите од Западен Балкан, секогаш под предуслови и доколку се исполнети критериумите, одговори Пелони на прашањето на МИА.
Ново на Сител
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
-

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
