Сурфер почина по напад од ајкула во Австралија
Во напад од ајкула, што се случи утрово на плажа во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, животот го загуби еден сурфер, соопштија полицијата и спасувачките служби.
Мажот, за кој се проценува дека имал околу 50 години, бил извлечен од водата, а околните полициски службеници презеле мерки за реанимација. Но, човекот починал на самото место, се вели во соопштението на полицијата.
„И покрај сите можни напори на службите за итни случаи и очевидците кои се најдоа на местото на настанот, човекот не можеше да биде спасен“, соопшти Службата за итни случаи околу еден час по настанот.
Фаталните напади на ајкула во австралиските води се зголемија осум пати во 2020 година. Тоа ја прави ланската година најсмртоносна, забележана по 1934 година. Минатата година имало осум смртоносни напади на ајкула, според официјалниот регистар на земјата. За педесет години, имало просечно по еден смртоносен напад на ајкула годишно, а во 2019 година, не се случил таков напад.
Исто така, се наведува дека надлежните ќе преземат активности за утврдување на животинскиот вид кој го извршил последниот напад.
Ново на Сител
-
Татко ја пријавил за исчезната малолетната ќерка, таа се јавила од Косово
-
Криминалци со пиштоли влегле во фирма за брзи кредити и украле 5000 евра
-
Мицкоски иницира изготвување стратегија за државата во соработка со МАНУ, ја повика опозицијата заеднички да носат одлуки
-
Утре во Брисел нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Димитриеска-Кочоска: Растот на економијата следната година над 3,5 отсто, се темели на инвестиции
-
Мицкоски по повод 23 Октомври: Да не го губиме времето на поделби, туку да создадеме општество на можности и почит
-
Мисајловски: Со почит се сеќаваме на револуционерите, Македонија заслужува да биде развиена, прогресивна и безбедна
-
Голем интерес за вакцинација против сезонски грип, досега пријавени над 52 000 лица