Панел „Патот до Преспа форум за дијалог“ во организација на МНР
Панел „Патот до Преспа форум за дијалог“ во организација на Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи во Скопје како воведен настан за претстојниот Преспа Форум дијалог кој ќе се одржи на 1 и 2 јули 2021 година.
Домаќин на настанот е министерот за надворешни работи Бујар Османи, а панелот е замислен како дискусија со експерти и со претставници на граѓански организации на национално, регионално и меѓународно ниво, како и претставници на сите релевантни национални институции.
Целта на Панелот е да покрене различни прашања за разгледување на претстојната Конференција за тоа како да се создаде позитивен дијалог во и меѓу земјите и нивните општества, потоа како да се постигне напредок во справувањето со актуелните тешки прашања, како да се создадат регионални наративи, кои може да придонесат кон јакнење на регионалната соработка и јакнење на стабилноста и безбедноста, како да се надмине застојот во процесот на проширување на ЕУ, како и справување со предизвиците предизвикани од пандемијата на КОВИД-19.
Панелот, исто така, ќе послужи како платформа за прибирање на идеи и предлози, кои ќе бидат преставени во заеднички Регионален политички документ, со препораки за политиките во однос на политичкото, економско и социјално влијание на регионалните и билатерални спогодби во Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро