Помпео: Во Вухан се изведуваат тајни воени експерименти

Поранешниот директор на ЦИА и поранешен државен секретар на САД, Мајк Помпео изјави дека на Институтот за вирусологија во Вухан се изведуваат тајни воени експерименти и истражувања.
Тој додаде дека постојат многу докази дека коронавирусот е создаден во лабораторија.
Изјавата на Помпео уследи неколку дека откако американскиот претседател Џо Бајден им нареди на разузнавачите во рок од 90 дена да го утврдат потеклото на Ковид-19.
Со сигурност можам да кажам дека ние знаеме дека луѓе од лабораторијата соработувале со Народно-ослободителната војска. Така што таму имало и воени активности иако тие тврдеа дека станува збор за строго цивилно истражување, истакна Помпео за Фокс њуз.
Тој додаде дека Кина одбила да каже на што работи и не и дозволи пристап на Светска здравствена организација.
Лабораторијата за тестирање на вируси е сè уште таму и работи. Најверојатно врши тестирања што доведоа до протекување на вирусот од лабораторијата. Само Комунистичка партија на Кина го знае одговорот, но целиот свет заслужува одговор и тие треба да ни кажат што се случи, наведе Помпео.
Од почетокот на пандемијата Помпео тврди дека вирусот протекол од лабораторијата во Вухан.
Од пролетта 2020 година постојат докази дека вирусот потекнува од лабораторијата. Знаеме дека имало луѓе кои се разболеле таму, научници кои се разболеле, посочи Помпео, додавајќи дека вирусите во лабораториите биле модифицирани да бидат заразни и потенцијално смртоносни и дека актуелната американска администрација мора да го испита тоа.
Ново на Сител
-

Стружанка почина откако во неа удрило товарно возило
-

Виткоф: Преговорите за мировниот план за Украина би можеле да се одржат во рок од три недели
-

Возел со 203 километри на час наместо максимално дозволени 120, лишен од слобода возач на автопатот Неготино - Стоби
-

Германија планира да ја забрза интеграцијата на барателите на азил на пазарот на трудот
-

Техеран и САД имаат различни мислења за укинување на санкциите, тврди ирански официјален претставник
-

САД за прв пат транспортираа нуклеарен микрореактор од Калифорнија до Јута
-

Две угинати ретки птици мршојадци пронајдени во Кавадаречко, дадени на обдукција
-

Арапските земји ја осудија изјавата на американскиот амбасадор за правото на Израел
