Шекеринска: Од Самитот на НАТО се очекуваат амбициозни одлуки кои ќе ја направат Алијансата посилна
Во пресрет на лидерскиот самит на земјите – членки на Алијансата кон средината на месецов, вчера попладне преку заштитена видео-конференциска врска се одржа состанок на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана на кој учествуваше министерката Радмила Шекеринска.
На состанокот, како што информираат од Министерството за одбрана, биле финализирани подготовките за Самитот на НАТО, закажан за 14 јуни 2021 година, во Брисел, чија главна тема ќе биде иницијативата „НАТО 2030”, чија цел е подготовка на Алијансата за следната декада. Се очекува на Самитот на НАТО да бидат донесени амбициозни одлуки и да се потврди посветеноста на Алијансата на трансатлантската врска.
-На состанокот на министрите за одбрана беа потврдени одлуките врзани за колективната одбрана, за проширувањето на пристапот кон безбедноста и зајакнување на отпорноста на општествата на новите безбедносни предизвици. Воедно, беше потенцирано значењето на технолошкиот развој и неговото влијание во градењето на одбранбените капцитети и способности. Министрите за одбрана се согласија дека Алијансата во иднина ќе ја прошири соработката со партнерите и со сите демократски земји кои се залагаат за меѓународен поредок заснован на правила. Исто така, беше постигната согласност дека НАТО во иднина ќе работи на зголемување на свеста за безбедносните импликации од климатските промени, се наведува во соопштението од МО.
Министерката Шекеринска ги презентирала националните ставови на Република Македонија, давајќи силна поддршка на определбата за зајакнување на колективната одбрана, како и на потребата за континуирана адаптација на новите безбедносни предизвици, со кои ниту една земја не може да се справи самостојно.
На состанокот станало збор и за состојбите во Авганистан, каде завршува мисијата на НАТО, но останува определбата за цивилна и дипломатска поддршка на безбедносните институции во Кабул.
Министрите за одбрана, како што стои во соопштението, ја поддржале одлуката за донесување на следен Стратегиски Концепт на Алијансата, кој ќе биде презентиран и одобрен на следниот НАТО Самит во 2022 година.
Ново на Сител
-

Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД
-

Трамп: Иран сериозно го прекрши примирјето, но американските претставници вo понеделник ќе бидат во Пакистан
-

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
-

Хутите се заканија дека ќе го блокираат теснецот Баб ел-Мандеб покрај брегот на Јемен ако Трамп продолжи да го нарушува мирот
-

Мицкоски за кривичната пријава од СДСМ: Фокусиран сум на развојот на државата, партиите кои живеат во сопствените лаги ги разочаруваат граѓаните
-

Пезешкијан: Врз основа на какво злосторство Трамп ги оспорува нуклеарните права на Иран
-

Украина соопшти дека неутрализирала 203 од 236 дронови што Русија ги користела за напад во текот на ноќта
-

Гутереш го осуди нападот во кој беше убиен француски мировник на ОН во Либан
