СДСМ: Со инвестиции во две фабрики за преработка на отпад обезбедуваме нови работни места
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев со силна политичка посветеност континуирано реализира мерки и политики кои резултираат со развој на економијата, нови работни места и унапредување на животниот стандард.
Во таа насока е и Интервентниот план на инвестиции во вредност од над осум милијарди евра во периодот 2021-2027 година.
Предвидена е голема и потполно еколошка странска инвестиција за фабрика за создавање енергија од цврст отпад како дел од овој план. Компанија од Луксембург ќе инвестира 336 милиони евра за фабрика со плазма за согорување, односно бескислородно согорување на високи температури.
Вкупната инвестиција, покрај фабриката, содржи и 100 комунални возила за собирање на смет, изградба на 11 претоварни станици и 11 збирни потстаници, 6.000 метални и пластични комунални контејнери, како и асфалтирање на патна делница од пет км до село Дуброво во Општина Неготино.
Оваа инвестиција содржи и еколошки аспект, односно претставува трајно решавање на отпадот на 74% од територијата на државата.
Следува и отворање на фабрика за селектирање и преработка на отпад во Источниот и Североисточниот регион, во вредност од 37 милиони евра. Веќе е формирано заедничко комунално претпријатие за управување со депонијата, односно нова фабрика во Свети Николе, за целите на оваа инвестиција.
Овие две инвестиции во вкупна вредност од околу 400 милиони евра освен што значат нови работни места и унапредување на регионалниот развој, значат решавање на деценискиот проблем со депониите во нашата држава и грижа за почиста и поздрава животна средина.
Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 е вистински, одлучен чекор преку кој го трасираме патот на раст и развој на македонската економија.
Како одговорна партија креираме и реализираме мерки и политики за поддршка за економска стабилност, за раст и развој на нашето стопанство, за поквалитетен живот на сите граѓани.
СДСМ
Ново на Сител
-

Трамп: Иранците одиграа мала игра, но многу добри разговори се во тек
-

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани
-

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
