Заев за ребалансот на Буџетот: Ќе се крати од таму каде што се троши најнепродуктивно
Министерот за финансии ги привршува разговорите со сите буџетски корисници. Ќе се крати од таму од каде е најнеопходно, односно таму каде што се троши најнепродуктивно, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавениот ребаланс на Буџетот.
Секако, вели тој, сите пари кои се проектирани се важни, но еден дел ќе се крати токму заради тоа што не даваат мултиплицирачки ефекти. Обично, посочи, тоа се додатоци за плати, купување мебел, репро материјали, кои може да ги одложат за одредени години, се со конечна цел секој пат да го зголемуваат интензитетот на капиталните инвестиции, а и да имаат доволно пари да ја помогнат македонската економија.
– За дефицитот не знам, ќе соопшти министерот, заради тоа што невозможно е некој да каже додека се разговара за ребалансот на Буџеот, но секако ќе се држиме согласно нашите фискални стратегии, рече Заев.
Во однос на тоа дали Владата размислува да ги повлече концесиите веќе дадени за изградба на мини хидроцентрали, Заев рече дека најголемиот дел ќе се повлече, заради, како што кажа, невозможно е да се спроведат заради аргументираните реакции на граѓаните и екологистите.
– Цела Европа малите хидроцентрали ги смета како исклучително обновливи извори за енергија затоа што по стандардите значи враќање на природата комплетно и отворање на рибната патека. Останува водата само што ја врти турбината. Но, по стандарди. Но, веројатно кај нас реакцијата можам да кажам дека е и оправдана заради тоа што не се градело секојпат по прописи, односно природата не се вратила во првобитната состојба и еден дел од мали хидроцентрали ја немаат рибната патека која што треба да го одржува биодиверзитетот на малите хидроцентрали, така што одиме комплетно по европските прописи, таму каде што треба да се поништи ќе се поништи, рече Заев.
Веројатно, рече тој, државата ќе треба да плати големи штети за ова, но, посочи дека немаат дилема.
– Еден дел се веќе во постапки заради донесувањето на законот за прогласување национален парк Шар Планина и Попова Шапка комплетно, така што постапките течат. Еден дел ќе завршиме веројатно на судови. Се надевам дека поголем дел ќе се спогодиме заради тоа што има фактури, трошоци направено коишто се на поранешни одлуки, значи одлуки 2016, 2015, 2014, 2013 година и верувам дека ќе најдеме начини да ги решиме и ваквите предизвици, заклучи Заев.
Ново на Сител
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
