Влез во Албанија без никакви услови поради коронавирусот
Албанија ги отвори своите граници за туристите без никакви услови за влез во земјата.
Соопштението од Министерството за надворешни работи прецизира дека негативен тест за Ковид 19, или какви било посебни документи, нема да биде потребен за влез во Албанија.
Министерството наведува дека границите на Албанија ќе бидат отворени за сите албански и странски државјани за време на туристичката сезона, пренесува албански Daily News.
Од 1 јуни повеќе не е задолжително носење маски надвор, но тие се задолжителни да се носат во затворени простории и на места каде што не е можно да се одржува социјална дистанца.
Времето на полициски час е скратено и сега трае од 23 до 6 часот наутро. Одлучено е и дека од 15 јуни ќе биде дозволено собирање до 15 наместо до 10 лица, а од 1 јули се планира уште повеќе да се скрати полицискиот час, односно од 24 на 6 наутро.
Ново на Сител
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро
-
Состојба на патиштата
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот