Шилегов: Скопје е првиот град во Македонија што се приклучил на Зелените градови на ЕБОР
Паметен систем за осветлување, паметен систем за паркирање, следење на системот за квалитет на воздухот, јавно мислење и систем на задоволство на граѓаните и други модули ќе бидат дел од Дигиталната градска платформа преку која Скопје ќе се впише во мапата на зелените градови како модел за другите градови во земјата и регионот, информираат од Град Скопје.
На денешното обраќање на Годишна конференција на зелените градови на ЕБОР, градоначалникот, Петре Шилегов, истакнал дека Скопје е првиот град во Македонија што се приклучил на Зелените градови на ЕБОР и го започнал развојот на акциониот план.
– Во март 2019 година, Градот Скопје и ЕБОР го започнаа Акциониот план за зелен град (GCAP) следејќи ја методологијата на ЕБОР, како дел од вклучувањето на градот во програмата на Зелените градови на ЕБОР. GCAP ќе му помогне на Скопје да ги идентификува, да им даде приоритет и да ги реши своите најгорливи еколошки предизвици со одржливи инвестиции во инфраструктурата и соодветни политички мерки, споделил тој.
Дополнил дека подобрувањата во јавниот превоз ќе помогнат да се зголеми употребата на јавниот превозот и да се намали користењето приватни автомобили.
– Градот Скопје иницираше имплементација на системот за паметно осветлување и платформата Дигитален град, заснована врз најнапредните технологии (Интернет на нештата – IoT) што ќе овозможи поврзување на различни уреди и компоненти со платформата преку Интернет со цел да се соберат податоци и да ги разбере настаните во реално време, да ги анализира и да ги преземе потребните активности, кажа Шилегов, стои во соопштението.
Со цел да се промовира енергетската ефикасност на Град Скопје и да се намалат трошоците во сегментот на градско осветлување, Градот е во фаза на имплементација на ЛЕД и паметно осветлување.
Ново на Сител
-

Рубио и Мерц разговараа за глобалните предизвици, војната во Украина и зајакнување на партнерството меѓу САД и Европа
-

Мицкоски: Заедничката изјава со Белата куќа за Договорот за трговија со САД е историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради Задушница
-

Германски авиони ќе учествуваат во мисијата на НАТО „Арктичка стража“
-

Кос: ЕУ би можела да одбие Србија да има пристап до средства од пакетот од 1,6 милијарди евра
-

Апел за донации: Потребна е итна помош за лекувањето на осумгодишната Ана
-

Одбраната ја оспорува темелноста на вештачењето за „Онкологија“, судењето продолжува на 4 март
-

Кривична за екс градоначалник на Чашка
