Двајца загинати и седум повредени во сообраќајката во Кисела Вода
Две лица на возраст од 28 и 50 години загинаа во сообраќајната несреќа што се случи синоќа околу 23.05 часот на крстосницата помеѓу бул.„Србија“ и бул.„Борис Трајковски“ во Кисела Вода. Во сообраќајката учествувале пет возила.
Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(50) од Студеничани, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.С.(28) од Скопје, патничко возило „фолксваген шаран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(30) од с.Студеничани, патничко возило „хјундаи аксент“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.А.(25) од с.Батинци, скопско и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(39) од Скопје.

- Во незгодата, на местото починале возачите Р.А. и Х.С.. Со тешки телесни повреди се здобил малолетник во возилото „фолксваген пасат“, а со телесни повреди се здобиле сопатниците во истото возило Ф.А.(49), Н.А.(23) и две малолетни лица, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ се здобиле и возачите О.А. и Е.Б., соопшти МВР.

По укажаната лекарска помош, О.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Увид на место извршила екипа на СВР Скопје.
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
