Стоев: Евроинтеграцијата на Западен Балкан меѓу приоритетите на бугарската надворешна политика
Европската интеграција на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и на Северна Мекедонија, е меѓу клучните приоритети на надворешната политика на Бугарија, информира денеска шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев.
Претставувајќи ги надворешно-политичките приоритети на неговата земја пред дипломатскиот кор акредитиран во Софија и пред претставниците на 83 земји и меѓународни организации, Стоев рече дека поддршката на Бугарија за земјите од Западен Балкан е конзистентна и се заснова на клучни принципи за следење на критериумот за индивидуалните достигнувања на секоја земја кандидат за членство и инсистира во Преговорачката рамка за Република Северна Македонија да се земат предвид и нејзините забелешки.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, истакнувајќи го континуитетот и политиката на Бугарија во однос на европскиот пат на Република Северна Македонија, Стоев нагласи дека во последните години Софија изразила загриженост за спроведувањето на билатералниот договор од 2017 година.
Според Стоев, Бугарија и натаму ќе биде еден од најсилните поддржувачи на процесот на проширување на Унијата, што се докажа за време на бугарското претседавање со ЕУ и при заедничкото копретседавање со земјава со Берлинскиот процес во 2020 година.
Стоев нагласи дека главен приоритети на Бугарија во надворешната политика останува нејзино зачленување во Еврозоната и во Шенген зоната и пристапување на земјата кон Организацијата за економска соработка и развој.
Меѓу другите бугарски приоритети, Стоев го истакна и претседавањето на Бугарија со форматот „Три мориња“, за кој, како што рече, има многу голем меѓународен интерес.
Ново на Сител
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
-

Пријави за поставени бомби во повеќе белградски училишта и два други града во Србија
-

Спасено мече во Велешко: Се фатило во нелегално поставена сајла, по интервенцијата пуштено во природа
