Битиќи: Потребите на граѓаните се преточени во нашата политичка програма, го нудиме најдоброто за секоја општина
Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи денеска беше во Кичево, каде во рамките на караванот „Најдоброто за нашата општина“ тој оствари непосредни средби со граѓаните и се обрати пред присутните на маалската средба.
„СДСМ во континуитет е со граѓаните и затоа преку овие засилени теренски активности во наредниот период пред вас граѓаните истапуваме отворено и чесно да говориме за се она што досега го направивме и реализиравме на централно и на локално ниво но и да чуеме од вас што е најдоброто за вас и вашата општина. Владата на СДСМ им помогна на општините да ги вратат наследените долгови. Секоја општина доби неповратни средства за да покрие 51% од пријавените долгови. Општините добија на располагање 3 милијарди денари или 50 милиони евра. Во тек е имплементација на проектот за поврзување на локални патишта, односно изградба и санација на локални патишта и улици во општините.
Завршен е патот Колари – Кичево, привршува изградбата на автопатот Кичево – Охрид како и патната делница Кичево-Македонски Брод. Се реконструираат и регионалниот пат Букојчани-Кичево, како и двата крака на улица Струшка. Во тек е изградбата на гасоводната линија Кичево – Охрид. По долги години се градат градинки се реконструираат училишта. Кичево доби нова градинка со капацитет од 120 дечиња. Реконструирани се и опремени и неколку училишта. Како никогаш досега вложуваме во здравствениот систем, модуларната болница во Кичево и доградбата и надградбата на ЈЗУ Здравствен дом Кичево ќе го унапредат квалитетот на здравствените услуги за кичевчани“, истакна Битиќи.
Нашата цел, нашата политика е во насока на унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани, на секоја општина. Вложувањата во човечкиот капитал се приоритет во програмите на СДСМ, тоа и го покажавме во изминатиот период, затоа довербата во СДСМ постојано расте, затоа СДСМ е најдоброто за секоја општина, затоа СДСМ е победникот на претстојните локални избори.
СДСМ, Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
