Утре и задутре сончево со умерена облачност, температурите со постепен пораст
Во следните два дена во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Се најавува дека температурите ќе бидат во постепен пораст, кои ќе се движат од 10 до 36 степени Целзиусови, соопшти УХМР.
Од УХМР информираат дека во сабота се очекува на повеќе места времето да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Времето денеска до крајот на денот ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне особено во планинските подрачја на северозапад и североисток ќе има услови за слаб краткотраен дожд. Максималните температури ќе се движат во интервал од 23 до 31 степен. УВ индексот =7.
Во Скопје времено ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималните темпратури ќе се движат до 28 степени Целзиусови.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија