Димитров: Младите треба да бидат вклучени во општествените процеси и креирањето политики
Во организација на Американското катче Битола, заменик – претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше виртуелна средба во форма на градско собрание (Youth Town Hall) со младите од регионот на Битола и Струга, наменета за воспоставување транспарентен разговор на теми поврзани со Европската Унија и пристапувањето на Северна Македонија.
Вицепремиерот Димитров им порача на младите луѓе дека тие се иднината на оваа држава, но и наша сегашност поради што треба да бидат активно вклучени во општествените процеси и креирањето политики во областите кои се од нивен и општ интерес.
– Нашето будење како општество започна токму со вашето барање за подобро образование и иднина во нашата земја. Нашата најголема битка е да ве задржиме вас – младите дома и затоа се определив да работам на тоа да ја направиме нашата земја европска, да овозможиме европски стил на живот дома наместо нашите млади луѓе да заминуваат во странство. Тој процес е како градење куќа – со членството во НАТО ги осигуривме темелите, со пристапувањето кон ЕУ сакаме да си го уредиме домот внатре, да ги пренесеме европските вредности и стандарди и да створиме општество еднакво за сите, рече Димитров, соопшти неговиот Кабинет.
Димитров зборуваше за процесот на пристапување кон Европската Унија, придобивките и предизвиците кои ги носи членството, а се осврна и на актуелните прашања поврзани со европската интеграција на Северна Македонија.
Како што се наведува во соопштението, на заинтересираните евро-оптимисти вицепремиерот им ги претстави програмите за млади и нагласи дека со членството во ЕУ се зголемуваат можностите за работа и образование за младите надвор од сопствената држава, но подвлече дека со процесот на европеизација би се намалиле причините поради кои младите ја напуштаат државата.
-Мојата генерација има обврска да обезбеди подобар старт за идните генерации, што подразбира мир и стабилност на државата, вработување засновано на способности и квалитети, правда во судниците, компетентно образование, опремени болници, чист воздух и езера. Членството во ЕУ е двонасочна улица – ви овозможува многу повеќе можности за живот надвор, но нашата мисија низ тој процес е да имате повеќе причини да останете дома затоа што и тука ќе имате исти правила и квалитет на живот, рече Димитров.
Младите луѓе на настанот покажаа голем интерес за европското досие на Северна Македонија и начинот на функционирање на Европската Унија, но и желба за придонес кон овие процеси, наведуваат од СЕП.
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора