И покрај пандемијата, во 2020 година раселени повеќе од 82 милиони луѓе во светот

Според „Извештајот за глобалните трендови 2020“ на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), бројот на луѓето што побегнале од војни, насилства и прогони во 2020 година, и покрај пандемијата на коронавирусот, надминал 82 милиони, јави Анадолија.
Информацијата доаѓа во пресретн на утрешниот Светски ден на бегалците. Светскиот ден на бегалците се одбележува на 20 јуни секоја година, а почетокот на неговото одбележување датира од 4 декември 2000 година, кога била усвоена Резолуцијата 55/76 со која се означува 50-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата која се однесува на статусот на бегалците.
Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци Филипо Гранди на редовниот состанок во Рим укажа на злоупотребувањето на мигрантите на рутата на илегални миграции позната како „балканска рута“.
„Бруталното и физички насилното постапување на земјите како Грција, Кипар и Хрватска е неприфатливо. Загрижени сме поради ова. Го пренесов ова прашање на релевантните земји и Комисијата на ЕУ, порача Гранди.
Тој нагласи дека би требало да постои посилна политичка волја за решавање на судирите поради кои луѓето се приморани да бегаат, пренесува Анадолија.
Според „Извештајот за глобалните трендови“ објавен вчера во Женева, бројот на луѓето што побегнале од војни, насилство, прогони и кршења на човековите права се искачи на приближно 82,4 милиони во 2020 година, и покрај избувнувањето на пандемијата на Ковид-19. Оваа бројка, која на крајот на 2019 веќе беше на рекордно ниво со 79,5 милиони луѓе, минатата година се зголеми за четири отсто.
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
