ВМРО-ДПМНЕ: Пасоши, регистарски таблички и лични карти нема, освен за блиските на власта
Пасоши, регистарски таблички и лични карти нема, освен за блиските на власта. Владата на Заев не ја извршува ниту основната функција на државата, а тоа е пружање на услуги за издавање на лични документи и други материјали на граѓаните.
Веќе цел месец има застој во издавањето на лични документи. Владата дојде до тоа дереџе да го продолжува рокот на важење на веќе изминати пасоши затоа што не е способна да направи нови.
Но граѓаните се соочуваат и со внатрешен проблем. Голем број на граѓани не можат да извадат лични документи затоа што МВР на Спасовски се неспосбни, а институциите или банките не им ги признаваат личните документи со истечен рок. Кој ќе им ја надомести штетата на тие граѓани што не можат да функционираат во правниот промет?
Повеќе од месец дена има застој во издавањето на пасоши и лични карти. И затоа мора да има одговорност.
И додека народот чека и губи и време и пари затоа што не може да учествува во правниот промет во државата, блиските до Заев доаѓаат до пасоши и до лични карти.
Цел месец нема ниту регистарски таблички. Граѓаните кои купиле ново возило и треба да заминат во странство не можат да го сторат тоа ако не се блиски со Заев и СДСМ за да добијат таблици.
Време е да ставиме крај за граѓаните од прв и втор ред, Македонија за сите луѓе!
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228