МЗ: Од утре активна веб-страницата за ревакцинација на граѓаните кои се вакцинирале во странство
Министерството за здравство информира дека од утре до 10-ти месецов ќе биде во функција веб страницата „https://vakcinacija.mk/
Од Министерството посочуваат дека преку регистрацијата на граѓаните, ќе можат да добијат детален увид за колкава бројка станува збор, со кои вакцини се вакцинирани и кога треба да се ревакцинираат.
-Страната за регистрација за ревакцинација ќе биде отворена една недела, по што ќе биде затворена регистрацијата. На овој начин ќе ги прецизираме количните и типот на вакцини кои ќе ни бидат потребни. Најголем предизвик за ревакцинација на овие граѓани е фактот што дозите не можевме досега да ги планираме и не знаеме со што ќе располагаме во моментот кога тие треба да се ревакцинираат, се наведува во соопштението на Министерството.
Со вакцината на Астра Зенека во земјава ќе се ревакцинираат единствено граѓаните над 60 години.
За сите други граѓани после регистрација на сајтот, од Министерството за здравство појаснуваат дека ќе направат обид да се обезбедат доволни количини вакцини по што, како што велат, ќе информираат прецизно во јавноста.
Ново на Сител
-

Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати, МВР истражува
-

Кремљ: Во последниот разговор со Трамп, Путин не разговарал за средба со Зеленски
-

Граѓаните одлучуваат дали ќе даруваат орган или не, има можност и да се промени одлуката во секое време - усвоени измени во Законот
-

Трамп: Израел мора да биде „поодговорен“ во однос на војната во Либан
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија, позитивен е обидот за ограничување на вето во ЕУ
-

ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
