Протест против полициската бруталност пред Чешката амбасада во Скопје
Повеќе од 1.000 граѓани денеска учествуваа на протестот организиран од страна на граѓанското движење АВАЈА поради убиството на младиот Ром, Станислав Томаш од чешкиот град Теплице.
Лидерката на АВАЈА, Салија Бекир на протестот истакна дека дискриминацијата врз Ромите од страна на поединци и институции е секојдневно присутна.
– Свежи ни се сеќавањата за полициската бруталност врз Ромите во Битола што е во судски процес. Свежи ни се сеќавањата за присилните евикции на ромските населби, свежи ни се сеќавањата на смртта на Роми во затворите под сомнителни околности. Свежи ни се сеќавањата на секојдневната дискриминација врз Ромите од страна на поединци и институции, како што е малтретирањето на детето од Кочани, рече Бекир.
Протестот започна од пред основното училиште „Кочо Рацин“ на улица „Мајка Тереза” (Водњанска) и продолжи пред Чешката амбасада во Скопје, од каде беше испратена порака до чешките власти.
– Полициската бруталност кон Ромите е највидливиот начин на функционирање на системскиот расизам во Европа. Таа се заснова на неограничената сила на полицајците кои гледаат и третираат секое ромско лице како криминалец, велат од АВАЈА.
Од граѓанското движење АВАЈА на протестот побараа од чешките власти независна истрага со што ќе истражува случајот на полициска бруталност во кој беше убиен Станислав Томаш и креирање на независна комисија што ќе ги разоткрива прекршувањата на полициските правила и практика во ромските заедници.
Од АВАЈА сметаат дека чешкита власти се обидуваат да го оправдаат инцидентот како употреба на легитимна сила, тврдејќи дека Станислав Томаш бил под дејство на зависни супстанции.
– Од видеото што кружи на социјалните мрежи се гледа како полицаецот клечи околу 5 минути на вратот на Станислав, а потоа сфаќа дека повеќе не се помрднува по што повикуваат амбулантно возило, велат од движењето.
Селвије Мустафи од транснационалното движење на Ромите, потенцира дека смрт на младиот Ром во Теплице е резултат на целиот системски расизам.
– Во Чешка властите негираа дека постапката на полицијата била полициска бруталност и во истовреме им честитаа на полицијата за ваквиот акт. Премногу е, нагласи Мустафи.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Маж оштетувал надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кремљ: Голем дел од Украина сака да биде руски, што одговара на изјавите на Трамп
-
Пријавил кражба, а украдените предмети всушност ги дал на друго лице - пријава за „лажно пријавување на кривично дело“
-
Нови наоди за „Изгубениот град“ на дното на во Атлантскиот Океан
-
Почина осуденик во затворот К’шање
-
Над 200 илјади родители и старатели може да пристапат до Е-дневникот преку мобилна апликација
-
Објавен списокот на кошаркари за натпреварите со Естонија и Полска