Свет
6. July 2021 - 10:58

Идентификувано местото каде се урна рускиот авион Ан-26

Спасувачите го идентификуваа местото каде се урна авионот Ан-26, што леташе од Петропавловск-Камчатски (административен центар на територијата Камчатка) кон Палана.

Се претпоставува дека авионот паднал во море.

Авион Ан-26 во кој се наоѓале 29 лица, меѓу кои 23 патници и шестчлен екипаж, исчезна од радарите над рускиот полуостров Камчатка.