Авион испуштил куфер кој потоа паднал на покрив од куќа - Во него имало чист кокаин
Несекојдневна ситуација се случила во Сардинија, кога мал авион испуштил куфер кој потоа паднал на покрив од куќа. Во него имало чист кокаин.
Запрепастените сопственици на куќата слушнале силен удар и веднаш повикале полиција која на покривот нашла куфер со кокаин. Кокаинот всушност требало да падне на друго место, односно на земја во Баратил Сан Пјетра, град од околу 1.200 жители на Сардинија, каде требало да го дочекаат шверцери на дрога.
Инцидентот кој се случил во март, се разбира завршил во сте италијански весници, а еден од насловите бил „На Сардинија паѓа дожд од кокаин“.
Веднаш е поведена истрага, која резултирала со апсење дури неделава кога е приведен пилотот на авионот. Истрагата утврдила дека авионот полетал од мал аеродром во Рим. Исчезнал д радарите неколку минути пред куферот да падне, бидејќи летал на мала височина.
– Анализата на ГПС сместен во авионот потврдила дека во текот на тие 20 минути авионот извел неколку круга над местото каде е откриен куферот – велат од полицијата.
Со помош на изјави на сведок од персоналот на аеродромот и евиденцијата за полнење гориво, полицијата успеала да го идентификува пилотот како Франческо Риза од Рим. Тој работел ако пилот на унгарска компанија и летал за многу богаташи кога е уапсен на аеродромот Каглари Елмас откако слетал од Германија.
Полицијата сè уште ги бара луѓето кои требало да ја добијат пратката.
Ново на Сител
-

30 дена притвор за владин возач кој барал 1.500 евра за вработување пожарникар
-

Автобус со студенти падна во провалија на Зеленортските Острови, најмалку 21 загинат
-

УС опен: Американецот Фриц водеше со 2-0 во сетови и го загуби мечот
-

Кај кавадарчанец пронајдена дрога и пари при претрес на „Тиквешки гроздобер“
-

Полицијата приведе маж од Македонски Брод осомничен дека предизвикал пожар
-

Американските пратеници му презентирале на Путин нови идеи за прекин на војната во Украина
-

Не стивнуваат пожарите во Албанија, вчера регистрирани 21, активни 11 пожари
-

Од 15 до 30 минути се чека на Богородица за излез од земјава
