-->
-->
МНР: Нема настрадани македонски државјани во поплавите во Западна Европа
-->
Министерството за надворешни работи со загриженост ги следи состојбите со поплавите во Западна Европа. Според информациите на нашите дипломатско – конзуларни претстваништва во погодените региони нема жртви државјани на Република Македонија, соопшти МНР.
-Нашите државни конзуларни претставништва стојат на висина на задачата, отворени и во служба на државјаните на Македонија кои живеат во погодените региони. Исто така, МНР е во постојана комуникација со домашните власти во земјите кои доживеа природна катастрофа. Според информациите на нашите ДКП-а во погодените региони нема жртви државјани на РМ, се наведува во соопштението споделено и на фб статусот на шефот на дипломатијата Бујар Османи.
Од МНР посочуваат дека во случај на евентуално барање помош, нашите државјани можат да се јавуваат на следните телефонски броеви:
Берлин: +49 15255691603
Минхен: + 49 162925525
Хаг: + 31 6 38174907
Брисел: +32 27329108.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Терористички напад во Тел Авив, шестмина мртви | ВИДЕО
-
Иран лансираше ракети кон Израел | ВИДЕО
-
Контрола во правно лице во Скопје, затекнати седум турски државјани кои незаконски работеле во државата
-
Почина жена на Клиника во Скопје
-
Скопјанец со автомобил намерно удрил во тинејџер при што го повредил
-
Пронајдена дрога кај осуденик во штипскиот затвор
-
Роднини од Врапчиште туркале судија и не му дозволиле да изврши увид
-
Ѝ се заканил на судијка дека ќе ја убие, ОЈО поведе постапка