Над 453 илјади граѓани примиле вакцина, повеќе од 272 илјади се ревакцинирани
Вакцина заклучно со вчера примиле вкупно 453 773 граѓани, а со двете дози досега се имунизирани 272 129, соопшти Министерството за здрвство, кое информира дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
-Прва доза вакцина вчера примиле 6076 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10 817. Во државата вкупно се аплицирани 725 902 дози вакцини. Граѓаните се вакцинираат без закажан термин, во постоечките вакцинални пунктови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба, наведува Министерството за здравство.
Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Со последните бројки, барем една доза вакцина примиле 58 отсто од населението над 70 години, 55 отсто од повозрасните од 65 години, 51 отсто од населението над 60 години и 41 отсто од тие што се на возраст над 50 години.
Министерството апелира до граѓаните да се вклучат помасовно во вакцинирањето за да се надмине епидемијата со вирусот. Информира и дека веб-страницата vakcinacija.mk е отворена за закажување термини за вакцинација на деца.
Ново на Сител
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје