Мицкоски: Се надевам дека целосно ќе биде ставен под контрола пожарот во Малешевијата
Се надевам дека во текот на денешниов ден пожарот целосно ќе биде ставен под контрола, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ при денешната посета на беровското село Будинарци.
-Бев информиран дека авионот од типот „Херкулес“ што специјално е пратен од Романија во моментов го надлетува теренот и се врши санирање на огнената стихија се до нејзино целосно ставање под контрола. Се надевам дека во текот на денешниот ден тоа ќе се заврши и жителите овде во Будинарци, во Мачево и во останатите населени места во општините Берово, Пехчево и Делчево ќе можат мирно да спијат и ќе можат понатаму да ги обавуваат нормално своите секојдневни обврски, изјави Мицкоски.
Тој нагласи дека денеска е во Малешевијата, во беровско Будинарци, каде, како што кажа, имал можност од прво лице да се увери во сериозноста на ситуацијата.
-Би рекол стотици хектари шума е изгорена, направена е огромна штета која благодарение на натчовечките напори на пожарникарите, на војската, но и на луѓето коишто дојдоа од Австрија и Словенија пожарот во моментов е локализиран, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино
-
Коцевски: Досега нема ниту еден доказ дека било побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија
-
Полицијата во контроли на угостителски објекти ноќеска во Битола затекнала 20 малолетници, следуваат пријави
-
Десетици мртви во руски напад на Суми, Зеленски бара светот да ја казни Русија
-
Русија тврди дека соборила 13 украински дронови
-
Велика Британија ја презеде контролата врз фабриката за челик „Бритиш Стил“
-
Обвинителството и МВР ќе информираат за проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“