Забрзана вакцинација на ученици во Шпанија
– Регионалните влади во Шпанија одлучија да ја забрзаат вакцинацијата на адолесцентите на возраст од 12 до 15 години пред почетокот на новата учебна година.
Целта е да се ограничи ширењето на коронавирусот, да се обезбеди присуство на ученици во училниците и да се минимизира учењето преку Интернет. Шпанија е една од ретките земји во светот каде учениците не престанаа да посетуваат настава во изминатата година.
Според Министерството за образование, само шест отсто прибегнале кон онлајн настава, пред се поради бурата Филомена, која парализираше дел од земјата во текот на неколку дена. Останатите 94 проценти имаа можност физички да присуствуваат на настава поради одлуката на централната влада дека последното нешто што ќе го затворат за време на пандемијата се училиштата. Сега регионалните влади ја продолжуваат политиката на кабинетот на Педро Санчез и започнуваат забрзана вакцинација меѓу учениците.
До денеска, само еден од петмина на возраст од 12 до 19 години примил барем една доза од вакцината, додека само 4 проценти се целосно имунизирани, според Министерството за здравство. Министерката Каролина Дариус објави дека целта е „пред почетокот на учебната година, повеќето од оваа група да се вакцинираат“. За целосна безбедност на наставниците, министерката за наука и иновации Дајана Морант рече дека се очекува владина одлука за третата доза на вакцината.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
