Османи: Се покажа дека политичката влада е важна за надминување на разликите со Бугарија
Доколку не се појави нешто неочекувано, досега успешно е извлекувањето на нашите граѓани од Кабул. Од утринските часови успеавме да ја извлечеме најголемата група на наши граѓани кои беа во Кабул, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва на Канал 5 телевизија.
Прашан за протерувањето на рускиот дипломат од нашата држава, тој нагласи дека тоа не значи рефлексија на наш однос со која било држава, туку однос на дипломат кој ги прекршил правилата на однесување согласно Виенската конвенција.
На новинарско прашање колку се реални шансите нашата држава да почне преговори со ЕУ до крајот на годинава, со оглед на тоа дека ќе има трети избори по ред во Бугарија, Османи истакна дека овие вести од Бугарија се обесхрабрувачки дека таму не може да се формира влада.
– Се покажа во изминатите месеци дека политичка влада е важна за надминување на разликите што ги имаме, иако јас се надевав дека тоа ќе може и со службена Влада заради тоа што одлуката за меѓувладина конференција е службена, имајќи предвид дека политичката одлука за почеток на преговори е веќе донесена. Таа е одлуката што ја очекувавме 16 години од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 година, рече министерот Османи.
Тој оцени дека е направен голем исчекор, но зошто ЕУ не постигнува консензус и покрај тоа што ЕК и сите меѓународни тела велат дека нашата држава не само што ги исполнува базичните услови за почеток на преговори, туку и ги надминува неколкукратно, не смета дека нашата Влада треба да има одговорност. Одговорноста е, подвлече, во ЕУ што не успева да постигне консензус и да им верува на нивните институции кои велат дека треба да ги почнеме преговорите.
Османи информира дека пред неколку недели имало состанок помеѓу експертските тимови на РС Македонија и на Бугарија, на кој разговарале за сите детали од последните разговори во Софија заедно со премиерот Зоран Заев.
– Очекуваме таа комуникација да продолжи, меѓутоа очигледно е дека е потребна политичка влада за да може да се направат суштински исчекори. Но мојот став е дотогаш да не се создаде „гап“ во комуникацијата бидејќи тогаш потешко ќе може да се создаде атмосфера за продолжување на разговорите, изјави Османи, додавајќи оти треба да се продолжи со мерките за градење доверба.
Шефот на дипломатијата нема прецизни информации кога специјалниот претставник Владо Бучковски последен пат бил во Софија, но, како што рече, има редовни комуникации во делот на тие меки мерки за градење доверба и има резултати.
Прашан дали е во контакт со властите во Атина за спроведувањето на Преспанскиот договор, затоа што и после три години патните табли кон земјава се уште не се сменети со новото име, Османи информира дека утрово имал состанок на таа тема на кој се разгледани нашите обврски, но и обврските од грчка страна во делот на исполнување на Преспанскиот договор. Во очекување е на средба со неговиот колега од Грција.
Во однос на престојните локални избори односно договорот на ДУИ и СДСМ, Османи истакна дека искуството од 2017 година се покажало како успешно, како прв пример за предизборна коалиција пред локални избори.
– Нема се уште формална одлука каде би се поддржале со заеддички кандидат, но мислам дека сме во добар правец, Во однос на советничките листи, секој партија излегува засебно со листа на кандидати за советници, рече тој
На новинарско прашање дали е можно да се наруши владината коалиција доколку СДСМ даде поддршка за Билал Касами за Тетово, ставот на Османи е дека овие прашања се за отворени разговори помеѓу политичките партиии кои, како што рече, одлучуваат сами за начинот на соработка за изборите.
– Не влегуваме во однос на условувања, туку во отворнеи разговори, кој каде смета дека има интерес здружено да постигне подобар резултат во интерес на граѓаните, рече шефот на дипломатијата Османи.
Ставот на Османи е дека може да се спроведе пописот со оглед на тоа што голем дел од граѓаните се вакцинирани,а вакцини има доволно.
Ново на Сител
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години
-
Грција на 20 ноември ќе биде блокирана од штрајкот на вработените во приватниот и јавниот сектор
-
НБO: Зелениот картон е во функција, непрактична е идејата за укинување на зелената карта само за државите од ЦЕФТА
-
Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат
-
Наместо да го стави во употреба директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево