Армијата одбележува 29 години постоење
На платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата во Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на Армијата на Република Македонија. Свеченоста ќе се реализира согласно протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници.
Од Генералштабот на Армијата информираа дека обраќање ќе имаат претседателот на Република Македонија и врховен командант Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
Согласно сценариото, во рамки на свеченоста ќе бидат доделени одликувања и признанија на единици од Армијата и соработници кои придонесуваат за развојот на одбраната. Претседателот Пендаровски ќе врачи Орден за воени заслуги и Повелби на Република Македонија, додека министерката Шекеринска и началникот Ѓурчиновски ќе доделат признанија на претставници од институции со кои соработува Армијата.
На свеченоста, командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт кој се наоѓа во неколкудневна работна посета на Република Македонија, на министерката Шекеринска ќе и додели медал за истакната служба, а на генералот Ѓурчиновски медал за заслуги.
На централната свеченост ќе присуствуваат и претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, пратеници од Собранието, министри во Владата, претставници од воено дипломатскиот кор, градоначалникот на Скопје, поранешни министри за одбрана и началници на генералштабот, армиските генерали, претставници од организации, државни институции, локални самоуправи и здруженија со кои соработува Армијата.
По повод одбележувањето на Денот на Армијата, со воени почести и полагање венци цвеќе на Алејата на великаните на градските гробишта во Бутел во Скопје во 14 часот, повеќе делегации ќе им оддадат почит на поранешните претседателите и врховни команданти на Армијата, Борис Трајковски, Киро Глигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски, како и на спомен обележјето на загинатите бранители во кругот на Министерството за одбрана и Генералштабот во 9 часот.
Ново на Сител
-
Шеснаесет минути молк и ѕвездено небо во Скопје во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Простување од Иле, возачот на Итна помош
-
„Лекувај ги сите со рацете, но и со душата. Тоа е она што го правеше најдобро“: Кочани тагува по својата Стефи
-
Трамп и Путин се согласија војната во Украина да заврши со „траен мир“
-
Тошковски: Извршени се претреси во Министерство за економија, управителот и одговорното лице на „Пулс“ и Општина Кочани
-
Мајка на едногодишно девојче меѓу жртвите во пожарот во Кочани
-
Се враќал да извлече повеќе млади но се срушил кровот, Георги зад себе остава двомесечно дете
-
Тошковски: Темелна контрола на објекти со лиценца, но и на оние објекти кои се користат како дискотеки и клубови