Каракачанов: Авганистанците на Заев од 450 може да станат 45.000, господинот сака да им се допадне на Американците
Бугарскиот политичар Красимир Каракачанов вели дека планираните 450 бегалци од Авганистан кои се очекува да пристигнат во Македонија во иднина може да станат 45.000.
Според поранешниот вицепремиер на Бугарија, Заев сака да им се допадне со овој потег, како што вели, на Американците, а повлече и паралела со потегот на поранешниот претседател Киро Глигоров, кој според Каракачанов, дал 150.000 македонски државјанства за Албанци од Косово за да победи на избори.
„Господинот Заев едноставно сака да им се допадне на Американците. Зарем тоа не го гледате сите? Тоа не е политика само на господинот Заев. Ако се сеќавате господинот Киро Глигоров меѓу првиот и вториот круг на првите претседателски избори даде државјанства на 150 000 Албанци од Косово. Така ги доби изборите, но создаде голем внатрешен проблем. Тоа го велам не поради тоа што не ги сакам Албанците, напротив. Албанците и ВМРО секогаш биле историски партнери во борбата против српскиот шовинизам и српското ропство во Македонија. Овде не говорам за локалните Албанци туку за времето во 1991 година, за 150 000 државјани на Југославија кои се родени и живееле во Косово.
И во времето на Груевски и сега во времето на Заев македонските политичари сакаат да им се допаднат на лидерите од Западна Европа, бидејќи сметаат дека ќе добијат благодарност за тоа. Практиката покажува дека благодарност нема и ако сам не си ги браниш интересите, нема кој да ти помогне утре, ако побараш помош. Господинот Заев со тоа што ќе прифати 450 Авганистанци ќе создаде 450 проблеми во иднина за Македонија. Прво нема никаква Гаранција какви се тие Авганистанци. Талибанците и Муџахедините се две различни крила на едни исти исламски радикални фундаменталисти. На Балканот и така веќе има покрај војните во Сирија има луѓе кои се радикални муслимани. Да донесеш уште 450 Авганистанци и потоа според европската регулатива тие ќе можат да си ги донесат и семејствата. Кога велам семејства мислам не само на жената и децата, туку и роднините и бабите и братучедите. Овие луѓе можат да станат од 450 на 45 000. Не знам дали и е потребно тоа на Македонија. Не знам што е поважно. Да си ја браниш државата или да ја продаваш за да им се допаднеш на некому во Брисел или Вашингтон. Ниту Брисел ниту Вашингтон ќе ги решат проблемите во Македонија. Како што се сеќавате тие не ги решија проблемите во 2001 година за време на конфликтот. Како што рекол мудриот наш народ „помогни си сам за да ти помогне Господ“., вели поранешниот министер за одбрана во последното интервју за „Трибуна“.
Каракачанов во рамки на истото прашање за тоа дали Бугарија се покажала помалку кооперативна од Македонија во однос на бегалската криза во Авганистан тој претходно иронично рече дека ние ќе вдомиме 450 Авганистанци затоа што претходно „Александар го освоил Авганистан и Македонците имаат потомци таму“.
„Во дилема сум како да ви одговорам на тоа прашање. На шега или сериозно… Ајде ќе почнам со шегата. Нормално е господинот Заев да прими Авганистанци. На крајот на краиштата за време на Груевски се разбра дека антички Македонци живеат во Авганистан и Пакистан. Дури и на еден пакистански селски кмет му подаривте земја кај Охридското езеро. Го објавивте за крал Газанфар итн. Како директен потомок на Александар Македонски. Како што е познато Александар Македонски го освоил Авганистан и стигнал до Пакистан. Сосема нормално е господинот Заев да ги прифати овие поранешни антички Македонци во нивната родна земја“, кажува Каракачанов.
Ново на Сител
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина
-
Хоспитализираниот тренер на Унгарија е во добра состојба, откако му се слоши на мечот со Холандија
-
Руската опозиција во Берлин ги организира првите антивоени демонстрации во странство
-
Мицкоски:Изразена волја од двете страни за доближување на ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот