Македонија и Косово ќе склучат договор за правна помош во граѓански предмети
Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Косово и на средба со косовската министерка за правда Албулена Хаџиу ќе потпише договор за заемна правна помош во граѓанските предмети.
Министерството за правда соопшти дека помеѓу двете држави постојат тесни економски, политички, културни и други врски, поради кои е потребно олеснување на постапките пред институциите на двете држави.
-Со склучувањето на овој договор се воспоставува и дипломатскиот пат на комуникација, кој ќе овозможи побрза и поефикасна граѓанска постапка и ќе се овозможи директна комуникација меѓу надлежните органи на двете држави за побрз одговор и од двете страни, без претходно процедурите да минуваат преку двете министерства за правда, наведува Министерството.
Ново на Сител
-
Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна
-
Новиот тим македонски историчари утре на прва средба со тимот од Бугарија
-
Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена
-
Терористички напад во Турција: Четворица загинати и 14 повредени
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица
-
Малолетничка претепана со тврди предмети од дечкото
-
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари