Метална честичка е пронајдена во сомнителните вакцини на „Модерна“ во Јапонија
Непознатиот надворешен елемент, пронајден во серијата вакцини на компанијата „Модерна“ против Ковид -19, што биле испорачани во Јапонија, најверојатно е метална честичка, соопшти денеска јапонската телевизија НХК, повикувајќи се на извори од јапонското Министерство за здравство.
Извори од Министерството наведуваат дека честичката реагирала на магнетите и дека поради тоа постои сомневање дека станува збор за метал, пренесуваат британските медиуми.
Шпанската фармацевтска компанија „Рови“, која ги пакувала вакцините „Модерна“ во шишиња за пазарите надвор од САД, соопшти дека контаминацијата може да биде последица на проблем со производствената линија и дека спроведува истрага.
Јапонското министерство соопшти дека употребата на серијата од овие вакцини е суспендирана како мерка на претпазливост, што доведе неколку јапонски компании да ја откажат вакцинацијата на работниците, а европскиот регулатор за лекови да отвори истрага за случајот.
Јапонија вчера ја прекина употребата на 1,63 милиони дози од вакцината против коронавирусот на компанијата „Модерна“, откако беше откриено дека во некои ампули има „туѓи материјали“.
Извештаите за контаминација стигнаа од осум центри за вакцинација во пет јапонски префектури, а присуството на туѓи материи беше потврдено во 39 ампули.
Ново на Сител
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
-

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
-

Со „мерцедес“ бегал од полиција, удрил во дрво и избегал - во возилото биле пронајдени 12 мигранти
-

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6
-

Македонија со рекордна делегација од 130 учесници на Медитеранските игри Таранто 2026
