Димитров – Дендиас: Грција поддржува почеток на пристапни преговори на Македонија со ЕУ
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска оствари средба со грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас, во рамки на неговата работна посета на земјава.
На средбата беше истакната подготвеноста од двете страни за обезбедување континуитет во спроведувањето на Договорот од Преспа, имајќи го предвид поволното влијание врз билатералните односи во услови на зголемена економија, стабилност и просперитет за двете земји. Посебен фокус беше ставен на прашањето за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, при што вицепремиерот Димитров изрази благодарност за поддршката од Грција.
–Воспоставеното пријателство меѓу Македонија и Грција се реализира преку конкретни проекти од заемен интерес, но нашата долгорочна визија е градење на заедничка европска иднина, поради што ЕУ мора да го исполни сопственото ветување кон Македонија и регионот, и да ја спроведе одлуката за отворање на пристапни преговори. Надминувањето на пречките во тој контекст е прашање што е од интерес и за земјите членки, за Грција како наш сосед, но и за ЕУ и нејзиното стратешко делување во Западниот Балкан, истакна Димитров.
Од грчка страна беше потврден ставот дека европската перспектива на Македонија треба да биде заокружена со членство во ЕУ што влијае и на развојот на модалитетите на билатералната соработка и добрососедските односи во регионот. Грчкиот министер Дендиас посочи дека таквата поддршка ќе биде афирмирана и во рамки на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ со цел усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција на ЕУ со Македонија за да се означи официјален почеток на пристапните преговори.
-На средбата беше дискутирано и за обезбедувањето на техничка помош од Грција во процесот на пристапување, односно размена на искуство, експертиза и знаење во спроведувањето на европските политики за што двете земји имаат потпишано Меморандум за забрзување на евроинтегративниот процес на Македонија, како и за актуелните случувања на регионално и меѓународно ниво, особено во контекст на справувањето со КОВИД-19 пандемијата, информираат од СЕП.
Ново на Сител
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
