Советник на ДУИ во Тетово: До почесниот Ахмети, го правите невозможното да не избркате одовде, благодарам ДУИ

Советникот на Демократската унија за интеграција во Советот на општина Тетово, Авни Руфати, поднесе оставка од партијата, преку порака упатена до лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Тој му се обрати на партискиот лидер Ахмети, известувајќи го дека тој и неговата партија ги тераат луѓето кои даваат се од себе да си заминат од оваа земја. Според Руфат, владејачката партија и нејзините водачи ја убиваат надежта на младите во оваа земја.
„Му се обраќам на почесниот Али Ахмети!
Навистина во сите болни работи што ги има оваа земја, ние се обидуваме со сите сили да останеме, а не да заминеме!
Доаѓа моментот принудувајќи го човекот, јас и многу други, да бараме подобар живот на друго место.
Го правите невозможното за да не избркате одовде, убивајќи ја и малата нишка надеж што ни остана во оваа земја! Благодарам ДУИ “, напиша Авни Руфати, општински советник.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
